| Фамилијата отпоздравува!!! Последен поздрав за ХАРД!!! | ||||
|
|
Верните фанови на МЗТ Скопје, „Фемили Аеродром“ упатуваат последен поздрав до нивниот верен пред се пријател, и член, Виктор Јосифовски-Хард.
„За наша голема жал дојде еден таков момент кога нашата група треба да се собере во голем број за да му оддаде последна почит на еден од своите највредни,најголеми и најдобри членови. Во петок против Игокеа нема веќе да биде важно дали МЗТ Скопје победил или загубил и не веруваме дека некој ќе се радува на постигнатите поени онака страсно и со препознатливата жар. Во петок никој нема победи затоа што сите ние во саботата загубивме. Го загубивме оној кој ќе дадеше се за клубот и групата, го загубивме Виктор, нашиот познат ХАРД чии тагови ги среќаваме на секој чекор во Аеродром, го загубивме нашиот брат. После него веќе ништо нема да биде исто: родителите, екипата, другарите од маало и од средно, роднините ... сите оние кои бар минута имаа поминато со него знаат за каква величина се работи. Беше испратен како што доликува: солзи во очите, огромна болка во душата но песна од цел глас за да може да не слушне таму горе, на небото. ХАРД е незаменлив и тоа е сигурно, а за него ќе говорат неговите дела по ѕидовите во Аеродром а нам ни останува да продолжиме онаму каде што тој застана затоа што тоа тој ќе го сакаше најмногу“ Сите вие кои сте дел од нашата група и кои кога ќе поминете покрај неговите графити дојдете во петок да му оддадете последна почит на натпреварот со Игокеа. Потрудете се да не задоцните, натпреварот е од 20.30 а на почетокот ќе има минута молчење за нашиот брат кој прерано не напушти. Картата ќе чини 50 денари и ќе може да ја земете пред натпреварот пред влезот во салата или кај билетарницата. ЛЕГЕНДИТЕ НЕ УМИРААТ, НАПРОТИВ ТИЕ ВЕЧНО ЖИВЕАТ ВО СРЦАТА НА ВИСТИНСКИТЕ ДРУГАРИ!
|



















